Friday, October 14, 2011

Правила (нова верзија)

Правила:


  • Како прво прочитајте го ова. Нашата страна е создадена за математички задачи и за ништо друго. Може да има само задачи од категоријата математика. Не се дозволени раскази и реченици како: Ана и Вања се бркаат. 
  • Второ, вовед како да почнете да го читате нашиот блог. Ако имате гугл профил (Google Account) кликнете на копчето Следи го овој сајт (Follow this site), не е задолжително но сепак ние сакаме да видиме колку фанови и следачи имаме. Ако немате гугл профил не е проблем, пак можете да ги читате задачите.
  • Трето, однесување во сајтов. Има многу луѓе што се навредуваат. Во нашиот блог нема навредување. Сите коментари, е-маили и слично ке бидат избришани. Во блогов се добредојдени обожаватели на математиката, па дури и тие кој не се обожаватели на математиката кој ја мразат математиката. Луѓето што сакаат да вежбаат исто така се добредојдени. 
  • Четврто, информации за контакт. Вие сте во потреба да ни пратите пофалба, поплака, задача или само сакате да контактирате со нас? Или пак можеби грешка наша. Ако не исконтактирате ке ни биде драго што откривте наша грешка или пак друго што ни кажавте. Нашиот е-маил е matematickizadaci@hotmail.com. Ако не преку е-маил може преку коментар или слично.
  • Петто,предложување задача. Вие сакате да предложите задача? Може преку нашиот е-маил или преку коментар. При предложување задача текстот да биде без навреди и слични нешта. Грешните задачи ке бидат игнорирани, а точните ке бидат прифатени и објавени на нашиот сајт и во нашето онлине списание.

Предлог задачи

Здраво драги читатели,

Оваа објава е направена за предложување задачи.
Бидејки малку е потешко да се праќа преку е-маил пишете ја тука вашата задача. Ви благодариме за вашата доверба.

*Задачите што не се валидни или поинаку што не им е можно решението (неможат да се решат), нема да бидат прифатени. Задачите да бидат само од I одделение до V одделение. Како што ке поминуваат годините нашата страница ке биде поразвиена и поразвиена.
Правила:

  • Како што прочитавте задачите мораат да бидат точни за да се прифатени. 
  • Задачите се за од прво до петто одделение.
  • Содржината на задачите да не биде со навреди и слично.
За дополнителни правила прашајте преку коментар или преку е-маил.

Friday, September 30, 2011

Низи за II одделение

Еве неколку интересни низи:

А-Б-В-Г-А-Б-?
@-#-$-%-@-?
П-Ф-К-Т-Ќ-П-Ф-К-Т-?
1-2-3-4-5-1-2-3-?
21-22-23-24-21-?
0-1-2-3-4-0-?
*-*-*-*-*-?
ѕ-в-г-б-с-ѕ-в-г-б-?
Р-С-Т-Ќ-У-Ф-Р-С-Т-Ќ-У-?
9-8-7-6-5-4-3-2-1-9-?


На прашалниците треба да стојат одговори!
Се надевам дека ке ви се допаднат.

Натпреварот + и - Шампион се одложува!

Натпреварот + и - Шампион се одложува поради големата незаинтересираност!
Ке се направи кога ке биде погодно време за тоа!


Ви благодарам!

Tuesday, September 27, 2011

Контакт

Почитувани посетители,

Ве известуваме дека имаме е-маил.
Правилата ке се променат.
Предлози, задачи , пофалби и поплаки ке ни давате преку нашата е-маил адреса matematickizadaci@hotmail.com.
Сакате ли некој тест или нешто слично побарајте преку нашата е-маил адреса.


Ви благодариме за разбирањето!!

Натпревар + и - Шампион

Драги читатели,
Ве извесуваме дека натпреварот + и - Шампион ке се одржи сега на 27.09.2011. И секоја година ке се повторува. Ке има уште многу натпревари и забава. Ке бидете известени кога натпреварот ке заврши. Можете да го решите преку коментар.

Ви благодариме за присуството!

Име и Презиме:_______________________________________
Години:______________________________________________
Одделение:____________________________________________


1. Реши
589+965=      245+693=       
256+586=      522+963=
587+255=      699+333=
365+586=      896+214=
245+963=      586+214=
856+231=      210+856=

2. Илина има 856 лешници. Илија има 245 лешници повеќе од неа. Колку лешници имаат заедно?

Одговор_______________________________________________________

3. Реши:
(547+521)+321=
(856+966)+206=
(789+369)+357=

4.Ана има 856 цвекиња, Ива има 123. Колку цвекиња имаат заедно?

5. Реши
987-565=          456-329=
255-156=          589-321=
247-139=          256-127=
589-541=          321-211=
203-199=          578-239=
325-211=          256-124=

6.Ана има 456 цвекиња, а Ивана има 321 цвеке помалку. Колку цвеќиња имаат заедно?

7.Реши
(547-211)-111=
(956-156)-546=
(500-123)-156=

Резултатите ке можат да бидат објавени во некое списание *Математичар.
Ново*
Објавено првото списание Математичар!!
https://skydrive.live.com/?cid=7e1276866106f1e4#!/view.aspx?cid=7E1276866106F1E4&resid=7E1276866106F1E4%21105
Повеќе содржина во следното списание!

Monday, September 26, 2011

Задачи за 6 одделение во регионалниот натпревар 2006/2007

 1. Едно буре е наполнето со вода до
5
6
од својот волумен. Ако во бурето се налеат уште 10 литри
вода, бурето ќе се дополни до
7
8
од својот волумен. Колку литри вода собира бурето?
2. Одреди ги сите можни вредности на цифрите a и b , така што производот на броевите 54a и
63 1b да е делив со 12.
3. Во едно училиште се запишани 180  момчиња и 192  девојчиња.  Од нив се формирани
паралелки со еднаков број на ученици, така што бројот на момчиња во секоја од паралелките е еднаков.
Во училниците каде ја посетуваат наставата има најмногу по 40  столчиња.  По колку момчиња и
девојчиња има во секоја од паралелките?
4. Нека е даден рамнокракиот триаголник ABC,  каде AB CB = ,  со основа AC cm = 10 .  Низ
средината D на кракот AB повлечена е нормала n на кракот AB која го сече кракот CB во точката E. Ако
периметарот на триаголникот ABC е 40cm, пресметај го периметарот на триаголникот AEC.
5. Одреди го аголот во триаголникот кој е за 20% помал од аголот меѓу симетралите на другите
два агли на триаголникот

Задачи на регионалниот натпревар 2006/2007

1.  Збирот на три броја е 300. Првиот е два пати поголем од вториот,  а третиот е еднаков на
збирот од првиот и вториот. Кои се тие броеви?
2. При пресекот на правите a и b, едниот од добиените агли е седум пати поголем од другиот.
Во пресечната точка повлечена е нормала c на правата а. Пресметај го аголот меѓу правите b и с.
3. Дадени се цифрите 0, 1, 3, 4, 5. Со помош на овие цифри запиши ги сите петцифрени броеви
со различни цифри, кои се деливи со 4, а не се деливи со 5.
4. Дадена отсечка е поделена со три точки на четири нееднакви дела.  Растојанието меѓу
средините на внатрешните делови е 6cm, а растојанието меѓу средините на крајните делови е 16cm.
Колку изнесува должината на дадената отсечка?

*Петта задача не е дадена бидејки има за цртање

Задачи за IV одделение (осмолетка, V деветолетка)

1.  Во едно училиште има 32  паралелки.  Од нив 6
паралелки имаат по 29  ученика, 8  паралелки имаат по 30
ученика, 2  паралелки по 31  ученик,  а останатите    пара-
лелки имаат по 32 ученика. Колку изнесува вкупниот број
на  ученици во училиштето?
2. Ако една страна на квадратот се зголеми два пати, а
другата се зголеми за 22mm,  се добива правоаголник чија
обиколка (периметар) е за 2000mm поголема од обиколката
(периметарот)  на квадратот.  Колку е должината на
страната на дадениот квадрат?
3. На две гранки се наоѓале 25  врапчиња.  После
извесно време, од првата прелетале на втората 5 врапчиња,
а од втората во полето одлетале 7  врапчиња.  Тогаш,  на
првата гранка останале два пати повеќе врапчиња отколку
на втората.  Колку врапчиња имало на секоја гранка на
почетокот?
4.  Мила од цифрите 3, 7, 1, 9, 0  и 4  ги формирала
најголемиот и најмалиот шестцифрен број употребувајќи ја
секоја цифра точно еднаш,  а потоа нивната разлика ја
намалила 9 пати. Кој број го добила Мила?
5.  Четири момчиња Андреј,  Бојан,  Васко и Гоце се
колекционери на поштенски марки.  Андреј има толку
марки колку што имаат Бојан и Васко заедно, Гоце има пет
пати помалку марки од Андреј, а Бојан четири пати повеќе
од Васко.  По колку марки има секое од момчињата,  ако
заедно тие имаат 5016 поштенски марки?

Избор на задачи - Кенгур 2006 3 и 4 одделение

  1. Вредноста на изразот 2*0*0*6+2006 е:
  2. Роденденот на Кате беше вчера. Утре е четврток.Во кој ден бил роденденот на Кате?
  3. Иво играл пикадо. Имал десет стрелки. За секој погодок во центарот добивал плус две стрелки.Иво фрлил вкупно 20 пати.Колку пати погодил во центарот?
  4. Ако во еден месец има 5 понеделници во тој месец неможе да има...
* Задачите се со заокружуцвање. Но тука не се има претставено тоа

Логички задачи smm.org.mk V одделение

V одделение
1. Имаме два сада  (лонци)  од кои едниот собира
точно 3 литри, а другиот собира точно 5 литри. Дали со
помош на двата лонци можеме да измериме точно 4
литри?
2.  При множење на два броја,  на првиот број
ученикот му ја заменил цифрата на единиците 4  со 1.
Така добил 525 наместо 600. Кои броеви ги множел?
3. На еден тренинг имало 225  деца и 105  топки.
Децата се поделени на групи со еднаков број на деца и
на секоја група тренерите им поделиле топки, така што
секоја група добила по еднаков број на топки.  Колку
групи се формирани и по колку топки им се поделени?
Колку решенија има задачата?
4.  Две прави се сечат во една точка и образуваат
четири агли (два остри и два тапи). Збирот на накрсните
остри агли е еднаков на половината од едниот накрсен
тап агол. Одреди ги големините на аглите?
5. Даден е правоаголник со страни а cm и b cm. Ако
страната со должина а cm се продолжи за b cm и
страната со должина b cm се продолжи за а cm се добива
квадрат со плоштина
2
100cm .  Ако должините на
страните на дадениот правоаголник се природни броеви,
определи го правоаголникот со најмала плоштина.

Задачи за V одделение (деветолетка)

Задачи за V одделение (деветолетка)

1. Запиши ги сите полни десетки.
2. Претстави го со венов дијаграм множеството А ако знаеш дека  А={а,б,в,г,д,ѓ,е,ж,з,ѕ}
3. Кој број има 1.000 илјади?
4. Запиши ги броевите со зборови: 247,325,486,589,147,950
5. Запиши ги броевите со бројки:
-деветстотини и педесет
-четрстотини
-двесте педесет и еден
6. Ана има 457 рози. Игор имал 571 повеке. Колку рози имаат заедно?
7. Реши ги задачите:
561+321=
398+347=
562-438=
965-489=
8. Елизабета има 425 рози, а Илија има 251 помалку.
а) Колку рози имаат заедно?
б) Колку рози има Илија?

Добредојдовте!

Здраво. Добредојдовте во мојот блог за математика.
Тука можете да најдете многу задачи.
Ако сакате да предложите некоја задача коментирајте ја таа задача во коментар. Вашата задача може ке биде објавена.
Во овој блог ке има многу задачи, како и некој логички од smm.org.mk
Понекогаш ке има мали натпревари. Секој би можел да учествува.

Правилата се:
1. Прво морате да го прочитате ова за да ги решавате задачите и да објавувате разни коментари. Морате да не ги навредувате другите читатели.
2. Како и читателите не ги навредувајте пишувателите.
3. Блогов е само за математика, и може да биде користен само за тоа.

Благодарам!