Monday, September 26, 2011

Логички задачи smm.org.mk V одделение

V одделение
1. Имаме два сада  (лонци)  од кои едниот собира
точно 3 литри, а другиот собира точно 5 литри. Дали со
помош на двата лонци можеме да измериме точно 4
литри?
2.  При множење на два броја,  на првиот број
ученикот му ја заменил цифрата на единиците 4  со 1.
Така добил 525 наместо 600. Кои броеви ги множел?
3. На еден тренинг имало 225  деца и 105  топки.
Децата се поделени на групи со еднаков број на деца и
на секоја група тренерите им поделиле топки, така што
секоја група добила по еднаков број на топки.  Колку
групи се формирани и по колку топки им се поделени?
Колку решенија има задачата?
4.  Две прави се сечат во една точка и образуваат
четири агли (два остри и два тапи). Збирот на накрсните
остри агли е еднаков на половината од едниот накрсен
тап агол. Одреди ги големините на аглите?
5. Даден е правоаголник со страни а cm и b cm. Ако
страната со должина а cm се продолжи за b cm и
страната со должина b cm се продолжи за а cm се добива
квадрат со плоштина
2
100cm .  Ако должините на
страните на дадениот правоаголник се природни броеви,
определи го правоаголникот со најмала плоштина.

No comments:

Post a Comment