Monday, September 26, 2011

Задачи на регионалниот натпревар 2006/2007

1.  Збирот на три броја е 300. Првиот е два пати поголем од вториот,  а третиот е еднаков на
збирот од првиот и вториот. Кои се тие броеви?
2. При пресекот на правите a и b, едниот од добиените агли е седум пати поголем од другиот.
Во пресечната точка повлечена е нормала c на правата а. Пресметај го аголот меѓу правите b и с.
3. Дадени се цифрите 0, 1, 3, 4, 5. Со помош на овие цифри запиши ги сите петцифрени броеви
со различни цифри, кои се деливи со 4, а не се деливи со 5.
4. Дадена отсечка е поделена со три точки на четири нееднакви дела.  Растојанието меѓу
средините на внатрешните делови е 6cm, а растојанието меѓу средините на крајните делови е 16cm.
Колку изнесува должината на дадената отсечка?

*Петта задача не е дадена бидејки има за цртање

Задачи за IV одделение (осмолетка, V деветолетка)

1.  Во едно училиште има 32  паралелки.  Од нив 6
паралелки имаат по 29  ученика, 8  паралелки имаат по 30
ученика, 2  паралелки по 31  ученик,  а останатите    пара-
лелки имаат по 32 ученика. Колку изнесува вкупниот број
на  ученици во училиштето?
2. Ако една страна на квадратот се зголеми два пати, а
другата се зголеми за 22mm,  се добива правоаголник чија
обиколка (периметар) е за 2000mm поголема од обиколката
(периметарот)  на квадратот.  Колку е должината на
страната на дадениот квадрат?
3. На две гранки се наоѓале 25  врапчиња.  После
извесно време, од првата прелетале на втората 5 врапчиња,
а од втората во полето одлетале 7  врапчиња.  Тогаш,  на
првата гранка останале два пати повеќе врапчиња отколку
на втората.  Колку врапчиња имало на секоја гранка на
почетокот?
4.  Мила од цифрите 3, 7, 1, 9, 0  и 4  ги формирала
најголемиот и најмалиот шестцифрен број употребувајќи ја
секоја цифра точно еднаш,  а потоа нивната разлика ја
намалила 9 пати. Кој број го добила Мила?
5.  Четири момчиња Андреј,  Бојан,  Васко и Гоце се
колекционери на поштенски марки.  Андреј има толку
марки колку што имаат Бојан и Васко заедно, Гоце има пет
пати помалку марки од Андреј, а Бојан четири пати повеќе
од Васко.  По колку марки има секое од момчињата,  ако
заедно тие имаат 5016 поштенски марки?

Избор на задачи - Кенгур 2006 3 и 4 одделение

  1. Вредноста на изразот 2*0*0*6+2006 е:
  2. Роденденот на Кате беше вчера. Утре е четврток.Во кој ден бил роденденот на Кате?
  3. Иво играл пикадо. Имал десет стрелки. За секој погодок во центарот добивал плус две стрелки.Иво фрлил вкупно 20 пати.Колку пати погодил во центарот?
  4. Ако во еден месец има 5 понеделници во тој месец неможе да има...
* Задачите се со заокружуцвање. Но тука не се има претставено тоа

Логички задачи smm.org.mk V одделение

V одделение
1. Имаме два сада  (лонци)  од кои едниот собира
точно 3 литри, а другиот собира точно 5 литри. Дали со
помош на двата лонци можеме да измериме точно 4
литри?
2.  При множење на два броја,  на првиот број
ученикот му ја заменил цифрата на единиците 4  со 1.
Така добил 525 наместо 600. Кои броеви ги множел?
3. На еден тренинг имало 225  деца и 105  топки.
Децата се поделени на групи со еднаков број на деца и
на секоја група тренерите им поделиле топки, така што
секоја група добила по еднаков број на топки.  Колку
групи се формирани и по колку топки им се поделени?
Колку решенија има задачата?
4.  Две прави се сечат во една точка и образуваат
четири агли (два остри и два тапи). Збирот на накрсните
остри агли е еднаков на половината од едниот накрсен
тап агол. Одреди ги големините на аглите?
5. Даден е правоаголник со страни а cm и b cm. Ако
страната со должина а cm се продолжи за b cm и
страната со должина b cm се продолжи за а cm се добива
квадрат со плоштина
2
100cm .  Ако должините на
страните на дадениот правоаголник се природни броеви,
определи го правоаголникот со најмала плоштина.

Задачи за V одделение (деветолетка)

Задачи за V одделение (деветолетка)

1. Запиши ги сите полни десетки.
2. Претстави го со венов дијаграм множеството А ако знаеш дека  А={а,б,в,г,д,ѓ,е,ж,з,ѕ}
3. Кој број има 1.000 илјади?
4. Запиши ги броевите со зборови: 247,325,486,589,147,950
5. Запиши ги броевите со бројки:
-деветстотини и педесет
-четрстотини
-двесте педесет и еден
6. Ана има 457 рози. Игор имал 571 повеке. Колку рози имаат заедно?
7. Реши ги задачите:
561+321=
398+347=
562-438=
965-489=
8. Елизабета има 425 рози, а Илија има 251 помалку.
а) Колку рози имаат заедно?
б) Колку рози има Илија?

Добредојдовте!

Здраво. Добредојдовте во мојот блог за математика.
Тука можете да најдете многу задачи.
Ако сакате да предложите некоја задача коментирајте ја таа задача во коментар. Вашата задача може ке биде објавена.
Во овој блог ке има многу задачи, како и некој логички од smm.org.mk
Понекогаш ке има мали натпревари. Секој би можел да учествува.

Правилата се:
1. Прво морате да го прочитате ова за да ги решавате задачите и да објавувате разни коментари. Морате да не ги навредувате другите читатели.
2. Како и читателите не ги навредувајте пишувателите.
3. Блогов е само за математика, и може да биде користен само за тоа.

Благодарам!