Monday, September 26, 2011

Задачи на регионалниот натпревар 2006/2007

1.  Збирот на три броја е 300. Првиот е два пати поголем од вториот,  а третиот е еднаков на
збирот од првиот и вториот. Кои се тие броеви?
2. При пресекот на правите a и b, едниот од добиените агли е седум пати поголем од другиот.
Во пресечната точка повлечена е нормала c на правата а. Пресметај го аголот меѓу правите b и с.
3. Дадени се цифрите 0, 1, 3, 4, 5. Со помош на овие цифри запиши ги сите петцифрени броеви
со различни цифри, кои се деливи со 4, а не се деливи со 5.
4. Дадена отсечка е поделена со три точки на четири нееднакви дела.  Растојанието меѓу
средините на внатрешните делови е 6cm, а растојанието меѓу средините на крајните делови е 16cm.
Колку изнесува должината на дадената отсечка?

*Петта задача не е дадена бидејки има за цртање

No comments:

Post a Comment