Monday, September 26, 2011

Задачи за IV одделение (осмолетка, V деветолетка)

1.  Во едно училиште има 32  паралелки.  Од нив 6
паралелки имаат по 29  ученика, 8  паралелки имаат по 30
ученика, 2  паралелки по 31  ученик,  а останатите    пара-
лелки имаат по 32 ученика. Колку изнесува вкупниот број
на  ученици во училиштето?
2. Ако една страна на квадратот се зголеми два пати, а
другата се зголеми за 22mm,  се добива правоаголник чија
обиколка (периметар) е за 2000mm поголема од обиколката
(периметарот)  на квадратот.  Колку е должината на
страната на дадениот квадрат?
3. На две гранки се наоѓале 25  врапчиња.  После
извесно време, од првата прелетале на втората 5 врапчиња,
а од втората во полето одлетале 7  врапчиња.  Тогаш,  на
првата гранка останале два пати повеќе врапчиња отколку
на втората.  Колку врапчиња имало на секоја гранка на
почетокот?
4.  Мила од цифрите 3, 7, 1, 9, 0  и 4  ги формирала
најголемиот и најмалиот шестцифрен број употребувајќи ја
секоја цифра точно еднаш,  а потоа нивната разлика ја
намалила 9 пати. Кој број го добила Мила?
5.  Четири момчиња Андреј,  Бојан,  Васко и Гоце се
колекционери на поштенски марки.  Андреј има толку
марки колку што имаат Бојан и Васко заедно, Гоце има пет
пати помалку марки од Андреј, а Бојан четири пати повеќе
од Васко.  По колку марки има секое од момчињата,  ако
заедно тие имаат 5016 поштенски марки?

No comments:

Post a Comment